Слот емотивен: Сакав да го внесам Жота во игра! Но, не можев…од ужасни причини!

226
Фото: Ливерпул Твитер

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, беше емотивен по драматичната победа од 4-2 над Борнмут на почетокот од сезоната во Премиер-лигата. Тој коментираше и за настапот на тимот и за начинот на кој Енфилд му оддаде почит на Диого Жота.

„Зборуваме за фудбал, но поважно е колку импресивно беше почестен Диого. Нашите навивачи се навистина неверојатни. Знаете ли кој играч сакав да го внесам при резултат 2-2? Жота. Но, не можев. Од ужасни причини“, рече Слот.

Предводникот на Ливерпул му оддаде признание на Борнмут, кој им создаде проблеми. И го коментираше Киеза.

„Второто полувреме го започнавме многу силно и водевме со 2-0, но се соочивме со тим кој никогаш не се откажува. Мораме да му оддадеме признание на Борнмут, но покажавме дека сме добро подготвени.

Киеза? Фантастично вклучување. Ни требаше гол и Федерико влезе за тој гол. Секако беше посебен момент за него да постигне гол. Навивачите го поддржаа и беше убаво што им се заблагодари“.

И на оваа средба имаше расистичко навивање…

„Не го сакаме ова во фудбалот и сигурно не го сакаме на Енфилд. За жал, се случи на ден кога треба да зборуваме само за почит кон Диого Жота“, рече Слот во врска со расистичките навреди од трибините кон Антоан Семењо.

ПретходноХамилтон има тајна клаузула – може да остане во Ферари до 2027, без разлика на резултатите!
СледноШкендија го продаде Тамба за 600.000 евра!