Струга 2025: Охрид е новиот освојувач на струшкиот турнир

50
фото: ГРК Охрид (Facebook)

Ракометарите на Охрид се новите победници на традиционалниот Струшки ракометен турнир. Охрид во вечерашното финале славеше над Бутел со 30:24 во меч кој поради лошите временски услови на отвореното игралиште, се одигра во салата „Тими“.

Иако Бутел одигра одличен меч, Охрид со целокупниот перформанс на овој турнир потврди дека е најдобрата екипа. Охриѓани со вечерашната победа им се приклучија и на Вардар, Е. Пелистер, Металург, Тиквеш и ТК Бренд кои се досегашни македонски победници на турнирот.

Третото место го освои екипата на Тиквеш, која дури по подобро изведување на пенали беше подобра од Бурса од Турција. Петтото место и припадна на екипата на Раднчки од Крагуевац.

ПретходноВињалес нема да вози на Гп трките во Австрија и Унгарија