Попладнево е ориграа уште три натпревари од првото коло на англиската Премиер лига. Иако пред три дена го загубија трофејот од Суперкупот на Европа, фудбалерите на Тотенхем покажа дека е во добра форма под водство на новиот менаџер Томас Франк, и успеајада дојдат до првата победа сезонава совладувајќи го Барнли со 3:0.
Домашниот тим нападна од првата минута и поведе во десеттата минута. Ричарлисон реагираше брилијантно, со удар од околу 11 метри ја затресе мрежата, за 1:0. во 60-тата минута, одличниот Кудус повторно центрираше, а бразилскиот напаѓач со волеј постигна спектакуларен гол за 2:0. Резултатот беше и 3:0 во 66-тата минута со голот на Бренан Џонсон.
Повратници во Премиер лигата, Сандерленд, совршено го отворија своето враќање во елитата совладувајќи го фаворизираниот Вест Хем. „Црните мачки“ поведоа во 61-та минута, со голот на Мајенда, а победата ја потврдија во 73-тата минута со голот на Балард.
Конечните 3:0 ги постигнаа во 92-та минута, со голот на Исидор.
Брајтон и Фулам одиграа нерешено 1:1.