Уапсен е навивачот кој расистички навредуваше фудбалер на Борнмут

37

Навивачот кој вчера предизвика прекин на мечот меѓу Ливерпул и Борнмут на стартот од новата сезона во Премиерлигата, кога расистички го навредуваше гостинскиот фудбалер Семенио, денеска бил уапсен.

Играчот од средниот ред на Борнмут беше подложен на расистички навреди за време на натпреварот од првото коло од Премиер лигата против Ливерпул (2:4) и тоа го пријави кај судијата.

„Уапсивме маж по пријавите за расистички навреди насочени кон играчот на Борнмут, Антоан Семенио, за време на натпреварот на неговиот тим од Премиер лигата против Ливерпул. Осомничениот бил идентификуван и евидентиран откако била примена пријавата.  Станува збор за 47-годишен маж од Ливерпул. Тој ќе биде обвинет за тешки прекршоци на јавниот ред и мир што вклучуваат расно навредување. Тој е задржан во притвор за да даде исказ“, соопшти полицијата во Мерсисајд.

ПретходноАмериканецот Кук е ново име во Гостивар
СледноМоќен старт на Сити: Халанд го торпедираше Вулверхемптон (ВИДЕО)