Хамилтон има тајна клаузула – може да остане во Ферари до 2027, без разлика на резултатите!

19

Според наводите на La Gazzetta dello Sport, Луис Хамилтон има специјална клаузула во својот договор со Ферари која му овозможува еднострано да ја продолжи соработката до крајот на 2027 година, без оглед на настапите на патеката.

Хамилтон во Маранело пристигна на почетокот на оваа година, по спектакуларното заминување од Мерцедес, потпишувајќи договор до крајот на 2026.

Сезоната засега е далеку од очекувањата, но поддршката во тимот останува неприкосновена.

Се наведува дека претседателот на Ферари, Џон Елкан, целосно застанува зад Хамилтон и издал низа документи со јасно означени чекори и подобрувања потребни за Британецот да ја поврати формата.

Италијанскиот весник додава дека Ферари ќе го следи Хамилтон „како светилник во бура“, нагласувајќи дека неговото доведување било и спортски и маркетиншки проект од огромно значење.

Хамилтон во првата половина од сезоната 2025 имаше големи потешкотии со приспособувањето на болидот на Ферари и сè уште го чека своето прво подиумско место во црвениот комбинезон.

По 14 трки, зад себе има само една светла точка – победа во спринт и пол-позиција во Кина, во својот втор настап за тимот.

Во Унгарија следеше нов тежок викенд – се квалификуваше дури како 12-ти, а трката ја заврши на истата позиција.

Потоа јавно изјави дека е „бескорисен“ и дека „тимот веројатно треба да го смени возачот“, иако неговите зборови многумина ги протолкуваа како сарказам од фрустрација.

Претходно„Гол-шоу“ на „Енфилд“: Киеза и Салах во финишот го „урнаа“ Борнмут (ВИДЕО)
СледноСлот емотивен: Сакав да го внесам Жота во игра! Но, не можев…од ужасни причини!