Шкендија го продаде Тамба за 600.000 евра!

800
ФОТО: KF Skendia/FB

Фабрис Тамба, напаѓачот од Сенегал направи трансфер од Шкендија во Турција и тоа во тимот на Амедспор. Се чека само на официјална промоција иако според нашите информации договорот е готов, договорени се сите детали како и личните услови на фудбалерот.

Шкендија за овој трансфер добива 600.000 евра што секако дека не е мала сума за наши услови и е еден од поголемите излезни трансфери од Македонија во последно време.

Од друга страна ова е по малку чуден, да не речеме неочекуван потег на раководството на Шкендија ако се знае дека со пласманот најмалку во лигашката фаза во ЛК, може и во ЛЕ ако го мине Лудогорец, тетовци досега заработија 5-6 милиони евра ова лето а Тамба важи за еден од најдобрите играчи на тетовци.

Па така наместо да купуваат квалитетни засилувања за тоа што ги чека во лигашката фаза за наесен, тимот на стратегот Јетон Беќири се ослабнува.

Инаку Тамба во Шкендија дојде во зимскиот преоден рок и тоа од Шкупи и во настапите во Европа ова лето беше еден од клучните играчи на македонскиот шампион во успесите на евро – сцената.

ПретходноСлот емотивен: Сакав да го внесам Жота во игра! Но, не можев…од ужасни причини!
СледноИзлив на емоции на Енфилд: Салах заплака (ВИДЕО)