Шпанците во големи проблеми, главниот адут „виси“ за ЕП

27

Европскиот шампион би можел да биде драстично ослабен на претстојниот Евробаскет.

Селекторот на Шпанија, Серџо Скарило, изнесе загрижувачки вести за статусот на Санти Алдама, член на Мемфис Гризлис и една од најголемите надежи на „фуријата“.

Алдама поради повреда го пропушти мечот против Франција и веќе извесно време не тренира со екипата.

Скарило нагласи дека, доколку ситуацијата не се промени во следните 12 дена, Алдама би можел да го пропушти Европското првенство.

„Се надеваме дека проблемот на Дарио Бризуела не е сериозен, туку само замор. Алберто Абалде игра со ограничени минути, а очекуваме Алдама и Алберто Дијаз што поскоро барем делумно да почнат да тренираат, за да видиме дали можеме да ги поведеме на Кипар. Ако не тренираат, не можеме да ги поведеме“, изјави Скарило.

Алдама блескаше на Олимписките игри во Париз 2024, каде што имаше просек од 17,7 поени и 9,3 скока по натпревар, па неговото евентуално отсуство би било голем удар за амбициите на шпанската репрезентација на шампионатот.

Шпанците ќе ја играат првата фаза од Евробаскетот во групата C во Лимасол, заедно со Италија, Кипар, Грузија, Босна и Херцеговина и Грција.

ПретходноРасистички инцидент го прекина натпреварот на „Енфилд“: Толку сум лут, ова е неприфатливо
СледноЛуд потег на Јокиќ во победата над Чешка – фановите воодушевени (ВИДЕО)