Барса ги регистрира Рашфорд и Гарсија, се шпекулира дека ќе дојде и Влаховиќ!

110
ФОТО: FC Barselona/FB

Добри вести за сите во Барселона, а посебно за стратегот Ханси Флик. Имено на само неколку часа пред првиот меч од новата сезона во Ла Лига, каталонската гордост успеа да ги регистрира Маркус Рашфорд и Хоан Гарсија кои ќе бидат во комбинација за гостувањето кај Мајорка вечерва од 19:30 часот.

Не се верува дека Рашфорд ќе биде стартер, но во продолжение од средбата секако дека ќе добие минутажа. Од друга страна Гарсија ќе биде на голот уште од првата минута, секако дека тој има предност пред Војчех Шчесни.

Инаку утринава медиумите во Италија и Шпанија наголемо пишуваат дека Душан Влаховиќ до крајот на преодниот рок би можел да ја засили Барселона. Србинот нема иднина во Јувентус, а денови неговото име се поврзуваше и со Атлетико Мадрид.

ПретходноМарк Маркез со победа на спринтот во Австрија!
СледноНов шок за Франција: И Поарие нема да игра на ЕП!