Елмас одбил 5 милиони евра годишно од Бешикташ, сака во Англија или Италија

143
фото: Skorer (X)

Турскиот гигант Бешикташ под раководство на Оле Гунар Солскјер ги забрзал напорите за доведување на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Според пишувањата на бројни турски медиуми, агендата за трансфер на играчот од средниот ред е на прво место кај „црно-белите“ од Истанбул.

Бешикташ наводно започнал преговори за трансфер на Елмас. „Црно-белите“ наводно му нудат на 25-годишниот играч од средниот ред годишна плата од 5 милиони евра. Сепак, Елмас сака да ја продолжи кариерата во Англија или Италија, па затоа најверојатно и ја одбил понудата.

Се уште се шпекулира со неколку клубови кои имаат интерес за нашиот репрезнетативец. Во прв ред е Наполи, но сега се појавува и англиски Вест Хем.

Претходно“Најдобар е на светот, а кошарката му е на второ или трето место!“
СледноПМФЛ: Шампионот рутински до триумф во Ѓорче, “Лавовите“ немоќни со играч помалку! (ФОТО)