Неверојатно: Изјавуваше дека тој е еден од најдобрите во светот, а сега го продава!

210
ФОТО: Manchester City F.C./FB

Ништо не се знае што му е во главата на Пеп Гардиола, според многу најдобриот тренер во историјата.

Па така денеска како сензација од Островот проструи веста дека менаџерот на Манчестер Сити има намера да го продаде или да го “ослободи“ Рико Луис, младиот офанзивец на Сити.

Имено Нотингем Форест е силно заинтересиран за репрезентативецот на Англија и планира да испрати понуда од 35-40 милиони евра.

Како се напоменува, Гвардиола нема да прави никаков проблем и дека Луис би можел да си оди.

Интересно е тоа што пред извесно време Пеп за Луис истакнуваше дека е среќен што го има во својот тим и дека Луис со тие свои продори во тие мали простори на противниците, го прави еден од најдобрите во светот во тој сегмент.

ПретходноНов шок за Франција: И Поарие нема да игра на ЕП!
СледноПолувреме: МЃП – Шкендија 0:1, Робакидзе на Арената си постигна автогол за водство на Башкими!