ПМФЛ: Башкими го “среди“ Работнички на Арената! (ВИДЕО)

105
ФОТО: FC Rabotnicki/FB

Така е кога не се користат шансите, кога немаш играч да постигне гол. Работнички – Башкими 0:2 попладнево на Арената во Скопје во меч од 2.коло во ПМФЛ.

Не дека тимот на Маркоски играше слабо, напротив. На моменти беше подобар тим, имаше барем 5-6 шанси за гол, но овој Работнички нема играч што ќе даде гол, и затоа губи или игра реми.

Ова лето на четири официјални меча, во Европа два, во Кавадарци кај Тиквеш и попладнево, Работнички не успеа да постигне барем еден гол.

Ниту еден.

И кога е така, тогаш Башкими си ги искористи сите слабости кај домашниот тим. Прво во 36.минута го “натера“ Робакидзе да си постигне гол за 0:1, за да во 79.минута Мемети со супер атрактивен потег успеа да стави печат на победата на кумановци од 0:2.

И пред тој втор гол Работнички се обидуваше да ја затресе мрежата на гостите, но кога се нема голгетерски квалитет пред се, јасно беше дека и на овој меч ќе остане без победа.

Нема што, ако Работнички до крајот на преодниот рок не донесе барем 5-6 адекватни засилувања, од кои барем двајца квалитетни напаѓачи, го чека тешка битка за опстанок.

Башкими има 4 бода од првите два меча во новата сезона, супер старт на кумановци.

ПретходноПМФЛ: Шампионот рутински до триумф во Ѓорче, “Лавовите“ немоќни со играч помалку! (ФОТО)
СледноГолем проблем за Словенија: Дончиќ се повреди на контролата со Летонија (ВИДЕО)