Од вчера и дефинитивно Никола Серафимов е нов член на Левски Софија, на еден од најголемите клубови во Бугарија па и на Балканот. Секако дека со оглед на тоа дека се работи за познато име, а Серафимов е македонски репрезентативец, Левски неговата презентација ја направи со многу помпа што се вели.
Интересно е тоа што во интервјуто за клупската ТВ на Левски, Македонецот на македонски јазик, среде Софија, говореше за очекувањата во новата средина, за тоа дека се радува што е дел од така голем клуб, и секако за тоа зошто го одбрал токму Левски како негов нов клуб. Така треба.
Дека Левски го третира Македонецот како голема ѕвездам, доказ е тоа што овој клуб преку својот медиа – центар, изработи и специјално видео за доаѓањето од Скопје во Софија.
Секако дека вреди да се погледне цело видео: