Арсенал триумфално на „Олд Трафорд“, Манчестер Ј. се уште со стари маки (ВИДЕО)

54
фото: Arsenal FC (X)

Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер Јунајтед со 1:0 на „Олд Трафорд“ во првото големо дерби на стартот на новата сезона на англиската Премиер лига.

Екипата на Микел Артета извојува голема победа во едно од најголемите дербија на Островот, па трите бода од Манчестер ќе значат уште повеќе за гостинските навивачи, кои се надеваат на титула оваа сезона.

Моментот на одлука се случи во 13-тата минута кога Рајс изведе корнер од десната страна, а во шеснаесетникот најдобро се снајде Рикардо Калафиори, кој со глава ја испрати топката во мрежата од неколку метри.

Одлуката на главниот судија да го признае голот ќе се зборува долго време бидејќи навивачите на Јунајтед негодуваа поради контактот на Салиба со голманот на „црвените ѓаволи“ Бајиндир, иако треба да се напомене и дека Турчинот имаше очајна реакција на овој корнер.

До крајот на мечот домашните ја имаа иницијативата, но не успеаја да најдат начин за да останат непоразени.

Претходно„Специјалниот“ постави анти-рекорд на клупата на Фенер
СледноТомовски со неверојатни 16 одбрани му донесе победа на Битигхајм во Купот