Артета: Многу важна победа, затоа што ретко победуваме на “Олд Трафорд“

33
фото: OptaJoe (X)

По денешната победа на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед со 1:0, менаџерот на Арсенал Микел Артета признава дека неговиот тим можеше да одигра и многу подобро. „Топчиите“ славеа со голот на Рикардо Калафиори, но Манчестер Ј. имаше доминантна партија во остатокот од мечот.

„Многу важна победа, со оглед на атмосферата на овој стадион и присуството на нови играчи во составот. Мора да го прифатиме овој гол со сета понизност. Натпреварите се добиваат во двата шеснаесетника, а денес го постигнавме тоа. Пред да го преземам, Арсенал не победуваше на Олд Трафорд, мислам, 18 или 20 години, а сега победивме на многу натпревари и сепак не сме задоволни. Моравме внимателно да играме против тим со толку брз напад. Многу сум задоволен од Ѓокерес и Зубименди и од оние што влегоа како резерви, тие имаа големо влијание врз играта“, рече менаџерот на Арсенал.

ПретходноПремија од 3 милиони денари за одбојкарите за пласманот на Евроволеј 2026 (ВИДЕО)
СледноЃоргиев: Во нашата ДНК е да играме на европските првенства