Без Миловановиќ за дуелот со Унгарија во Скопје

25
фото: kfsm.mk

Еден играч помалку ќе биде во конкуренција за настап во машката сениорска репрезентација на Македонија на последниот натпревар од претквалификациите за Светскиот Куп 2027 година во Катар, оној против репрезентацијата на Унгарија.

По враќањето во Скопје од „гостинската турнеја“ во Унгарија, потоа и во Романија, Марко Миловановиќ се пожали на здравствени проблеми.

По пристигнуавњето во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, младиот бек ги информираше селекторот Марјан Илиевскки и лекарскиот тим за неговата влошена здравствена состојба, по што беше одлучено дека најдобро и за него и за тимот е во овој момент да биде ослободен од понатамошните обврски кон сениорскиот национален тим. Се во обид побрзо да закрепне и да биде подготвен за наредните предизвици во кариерата.

Инаку, сениорите го одработија планираниот вечерен тренинг во СРЦ „Кале“. Присуствувашше и Адем Мекиќ, кој има проблеми со левото колено, и остана надвор од теренот, односно на клупата за резервни играчи.

Со оглед на краткиот временски период, извесно е дека искусното крило до последен момент ќе биде ставен во „стенд-бај“ положба, кога се говори за шансите за негов настап на средбата против Унгарија која е закажана за 20. август (среда), од 19.часот, а ќе се игра во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.

Во тој случај, во конкуренција ќе бидат тројцата играчи кои беа надвор од прваите „12“ на гостувањата во Унгарија односно во Романија, Никола Василевски, Марко Луканоски и Тома Стојаноски, кој не беше во протоколот на средбата во Орадеа.

ПретходноТомовски со неверојатни 16 одбрани му донесе победа на Битигхајм во Купот
СледноЈован Манев пред трансфер во Нови Пазар