Екитике: Темпото во Премиерлигата е неверојатно, добив грчеви уште во 60. минута

81

Новото засилување на Ливерпул, Уго Екитике призна дека бил изненаден од темпото и физичките барања на Премиер лигата по еден од неговите први натпревари на Островот.

„Интензитетот е различен. Тие не лажат за Премиер лигата. Добив грчеви во 60-тата минута“, изјавил напаѓачот.

Французинот имаше одлично деби во Премиер лигата за клубот од Мерсисајд, постигнувајќи еден гол и асистирајќи за друг во натпреварот од првото коло против Борнмут.

ПретходноЖална вест: Почина младиот фудбалер Виктор Боневски