На 21-годишна возраст почина младиот македонски фудбалер, Виктор Боневски. Боневски со месеци се бореше со тешка болест на абдоменот, но не успеа да ја добие битката.
Неговиот клуб Њу Старс ја сподели трагичната вест за смртта на младиот фудбалер и порача: „Со длабока тага и неверување ја примивме веста за смртта на Виктор Боневски. ФК Њу Старс изгуби свој член, наш фудбалер и дел од семејството. Со неговата љубов кон фудбалот, посветеност и другарство, Виктор остави неизбришлив белег во нашиот клуб. Во овие тешки моменти изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, роднините и сите блиски. Нека споменот за Виктор остане засекогаш меѓу нас, а неговата добрина и спортски дух да бидат пример за идните генерации. Нека почива во мир.“
Боневски беше и младински репрезентативец на Македонија и член на академијата на ФФМ.