Македонија повторно на Европско! Одбојкарите покажаа дека се дел од европскиот крем (ФОТОГАЛЕРИЈА)

74

Македонската одбојкарска репрезентација покажа дека се уште местото и е во европскиот крем. Победата над Грузија во Скопје беше сосема доволна за нашата селекцијата да се најде меѓу 24-те репрезентации кои идната година во Финска, Бугарија, Италија и Романија ќе се борат за европскиот одбојкарски наслов. 

Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб, но и оној минатиот предводен од Хари Наковски минатата година, успеаја да го извлечат најдоброто од оваа селекција и уште еднаш да обезбедат пат кон Европа. Честитки!

ПретходноМиленкоски: Ова е уште еден голем чекор за македонската одбојка
СледноПремија од 3 милиони денари за одбојкарите за пласманот на Евроволеј 2026 (ВИДЕО)