Со победата со максимални 3:0 над селекцијата на Грузија, Македонија повторно ќе игра на завршницата на Европското одбојкарско првенство. Во клучниот меч кој одлучуваше за последниот патник на континенталниот собир, момците на Јошко Миленкоски ја покажаа својата зрелост и квалитет, дојдоа до максимално убедлива победа, со одличен поен-количник, подобар од оној на Австрија и го потврдија очекуваниот настап на Евроволеј 2026.
МАКЕДОНИЈА – ГРУЗИЈА 3:0 (25-13, 25-16, 25-17)
Моќниот напад уште во првиот сет навести дека Македонија е за една класа подобар тим од Грузија и вечерва. мотивирани да направиме што повисока разлика, нашите одбојкари го одиграа еден од најдобрите сетови во овие квалификации и со убедливи 25:13 го најавија патот на ново Европско.
Слична беше разврската и во вториот сет, кога Грузија успеа да освои три поени повеќе, но во третиот сет гостите ја искористија нашате невнимателност на стартот и успеаја да дојдат до позитива во првата третина од сетот. По еден тајм-аут на Миленковски, успеавме да се соземеме, да ја вратиме предност и умешно да го приведеме мечот до победа.
На вечерашниот натпревар во нашата репрезентација Никола Ѓоргиев реализираше 17 поени, 11 имаше Љафтов, 9 Савовски и 8 Владо Милев.