Миленкоски: Ова е уште еден голем чекор за македонската одбојка

62

Се врати како предводник на националниот тим и го завери четвртиот настап на нашата одбојкарска репрезентација на европските шампионати. Селекторот Јошко Миленкоски по денешниот успех над Грузија не го криеше воодушевувањето од остварениот пласман на континенталниот собир следното лето.

„Убав ден за македонската одбојка со овој четврти пласман на Европско првенство и тоа по ред. Им честитам на сите кои учествуваа во овој проект. Ова беше круна на цело ова долго топло лето. Патот секогаш е тежок, иако овој меч со Грузија тоа не го покажа. Мора да признаеме дека не е лесно да се игра против која било репрезентација и да се одигра максимално во три сета и да се забележи максимална победа. Грузијците покажаа дека се дојдени да играат, се виде тоа во третиот сет, но успеавме во средината на тој сет да се вратиме во ритам и да го добиеме мечот. Нашата одбојка направи уште еден голем чекор со ова учество на европско првенство. Сега играчите ги чекаат клупските обврски, добро да одиграат и оваа сезона, па следната година не чека уште едно долго топло, европско лето“, изјави селекторот на нашата репрезентација, Јошко Миленкоски.

ПретходноНов проблем за Шпанија, се повреди и Сен-Супери
СледноМакедонија повторно на Европско! Одбојкарите покажаа дека се дел од европскиот крем (ФОТОГАЛЕРИЈА)