Синоќа во рамките од новото коло од Шпанската Примера, Мајорка го дочека тимот на Барселона. Гостите обезбедија висок триумф од 0:3, но победата остана во сенка на крвничкиот старт на домашниот Ведат Муричи врз гостинскиот голман Гарсиа. Косовецот во една ситуација на „ничија топка“ со екстремно висок старт со ногата директно го погоди во лице Гарсиа и му нанесе сериозна поведа. Нормално, доби директен црвен картон и веројатно голема суспензија од неколку меча.
По дуелот, повредата на Гарсиа беше и тоа како видлива.
Muriqi 🟥 pic.twitter.com/gQLr3tPfMW
— Epic Red Cards (@epicredcards) August 16, 2025