Манчестер Јунајтед под водство на менаџерот Рубен Аморим загуби двојно повеќе натпревари во Премиер лигата отколку што успеа да победи.
Денес „црвените ѓаволи“ со пораз на домашен терен од екипата на Арсенал (0:1) ја почнаа новата премиерлигашка сезона.
Вкупно, Рубен Аморим досега го водеше Манчестер Јунајтед на 28 натпревари во Премиер лигата во кои тимот претрпе 15 порази, победи на 7 меча и одигра нерешено 6 пати.
Во просек, Јунајтед освојува 0,96 поени по коло под водство на Португалецот.