Меѓу фановите на Челзи и Кристал Палас се крена голема прашина со лавина реакции по поништениот гол од слободен удар на гостинскиот фудбалер Езе. Сепак, според фудбалските правила, ВАР и главниот судија по се изгледа донесоа вистинска одлука.
Судијата Дарен Ингланд по проверката на ВАР системот реши да го понушти голот, бидејќи дефанзивецот на Палас, Марк Гуехи беше на еден метар од ѕидот на Челзи кога беше изведен слободниот удар.
Правилото, кое е во сила од 2019 година, ретко се применува, но го чинеше Палас гол. На крајот гостите сепак заминаа задоволни по ремито – 0:0.