Премија од 3 милиони денари за одбојкарите за пласманот на Евроволеј 2026 (ВИДЕО)

131

Министерот за спорт во Владата на Р. Македонија, Борко Ристовски, денеска беше дел од гледачите на натпреварот меѓу одбојкарските репрезентации на Македонија и Грузија. По победата на нашите момци и обезбедениот пласман на Европското првенство следната година, министерот беше во соблекувалната на одбојкарите и вети премија од 3 милиони денари за одбојкарите за остварениот успех.

„Ви благодариме за се што правите за Македонија. Ние како министерство стоиме зад вас, а во разговор со претседателот на Федерацијата на негов предлог, ќе добиете премија од 3 милиони денари за пласман на ова ЕП“, им рече Ристовски на одбојкарите.

ПретходноМакедонија повторно на Европско! Одбојкарите покажаа дека се дел од европскиот крем (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноАртета: Многу важна победа, затоа што ретко победуваме на “Олд Трафорд“