Откако се чини дека ја загуби битката за Џиџи Донарума, раководството на Манчестер Јунајтед по секоја цена бара сега друга опција за голманската позиција во тимот.
Па така почнаа шпекулации дека Рубен Аморим би можел да го врати дури и Давид де Геа, а од друга страна се шекулира дека Јунајтед побарал од Милан размена. Имено клубот од “Олд Трафорд“ да го прати Расмус Хојлунд на “Сан Сиро“, за возврат да го добие голманот Мајк Мењон.
Секако дека на ова раководството на клубот од Милано ќе одговори негативно. Иако секако дека делува по малку изненадувачки.
Кога сме кај Манчестер Јунајтед да кажеме дека денеска од 17:30 часот овој тим го пречекува Арсенал во рамките на 1.коло во Премиер лигата.
Секако дека ова е големо дерби.