Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски приреди вистинско шоу на стартот од новата сезона во Германија. На голот на својот нов клуб Битигхајм, Томовски со фантастични 16 одбрани му ја обезбеди победата на својот нов тим во меч од премиерната рунда во Купот на Германија.
Екипата на Битигхајм беше домаќин на Постдам, клубот за кој нашиот голман настапуваше минатата сезона, и на крајот славеше со 25:24, само поради тоа што на голот го имаше несовладливиот Томовски.