Франција ги откри картите: Познати сите 12 кошаркари кои одат на Евробаскетот 2025

32
фото: Équipes de France de Basket (X)

Француската кошаркарска репрезентација го објави списокот од 12 играчи кои ќе играат на претстојното Европско првенство.

Селекторот Фредерик Фоту одбра 12 играчи за Евробаскетот, а нема да има многу очекувани имиња во составот, од кои повеќето нема да играат поради повреди.

Последните што отпаднаа се повредениот Винсент Поарие, како и Надир Хифи, сензацијата на шампионот Париз.

Во конениот состав на Франција за Евробаскетот се најдоа:

Исаја Кординие (Ефес), Билал Кулибали (Вашингтон Визардс), Силвен Франциско (Жалгирис), Џејлен Хорд (Макаби Тел Авив), Мамаду Зајите (Дубаи), Тимоти Луваве (Басконија), Тео Маледон (Реал Мадрид), Елие Окалако (Реал Мадрид) Александре Сар (Вашингтон Визардс), Метју Штрасел (Монако) и капитенот Гершон Јабуселе (Њујорк Никс).

Френк Ниликина и Матиас Лесор исто така беа елиминирани претходно, а и Муса Диабате не можеше да им се придружи поради повреда. Најголемиот удар дефинитивно е отсуството на Виктор Вембањама и Руди Гобер.

Француската репрезентација ќе игра во групата Д во Катовице, Полска, каде што ќе игра и со Белгија, Словенија, Израел и Исланд.

ПретходноПравило од 2019 година го чинеше Палас победа на гостувањето кај Челзи
Следно„Специјалниот“ постави анти-рекорд на клупата на Фенер