Ѓоргиев: Во нашата ДНК е да играме на европските првенства

68

По убедливата победа на македонската репрезентација на натпреварот против Грузија со 3:0 и пласманот на четвртото европско првенство во низа, капитенот на македонската репрезентација, Никола Ѓоргиев ги сподели своите импресии од натпреварот и квалификацискиот циклус.

„Чувството е феноменално, би сакал да им честитам на сите соиграчи, на целиот стручен штаб и на одбојкарската федерација на Македонија. Без разлика на квалитетот на противникот, секогаш е тешко да победиш со 3:0, а ние покажавме дека сме многу моќни психички. Во нашата ДНК е никогаш да не се откажуваме, да играме со сите и веќе да бидеме учесници на европските првенства. Сакам да им посакам на сите спортисти во нашата држава пласман на едно вакво натпреварување.“

ПретходноАртета: Многу важна победа, затоа што ретко победуваме на “Олд Трафорд“
СледноЖална вест: Почина младиот фудбалер Виктор Боневски