Македонскиот репрезентативец Јован Манев до крајот на овој трансфер период ќе има нов клуб. Како што дознава „СпортСпорт“, Манев кој минатата сезона го носеше дресот на хрватскиот шампион Ријека, сега е пред преселба во српската Суперлига.
Нов клуб на нашиот централен дефанзивец треба да биде екипата на Нови Пазар. Преговорите се во тек и наскоро се очекува и финализирање на трансферот.