Одбојкарите вечерва на „сѐ или ништо“: „Максималка“ против Грузија не носи на четврто ЕП!

156
фото: CEV.eu

На патот до четврто последователно учество на Европските првенства, машката одбојкарска репрезентација на Македонија вечера треба да го направи последниот, клучен чекор. Во СЦ „Борис Трајковски“ (20 ч.), избраниците на селекторот Јошко Миленкоски имаат само една отворена опција – максимална победа над Грузија во три сета. Ситен подуслов е поен-разликата во сетовите да биде што е можно повисока, затоа што нашиот главен конкурент за последното слободно место кое води на континенталниот собир, Австрија, има конечна поен-разлика +14, додека ние пред дуелот со Грузија сме на +8.

Тоа значи дека освен задолжителната победа во три сета, на денешниот дуел со Грузија барем во еден од трите сета мора да направиме разлика поголема од 3 поени. Но, исто така многу важно ќе биде да видиме како ќе заврши и дуелот меѓу Црна Гора и Норвешка. Норвежаните со гостинска победа во три сета исто така остануваат во битка за место на Евроволеј 2026, но во тој случај и кај нив ќе се гледа поен-количникот.

Миленкоски пред дуелот вечерва повика на што поголема поддршка за нашите момци, затоа што ова е последната голема шанса на оваа генерација одбојкари, повторно да заигра на едно Европско.

Судии на мечот ќе бидат Бенсимон од Израел и Поповиќ од Србија.

ПретходноХанси Флик: “Воопшто не ми се допадна како игравме, ќе мора да поразговарам со играчите“!(ВИДЕО)
СледноЛина поразена во финалето во Куршумлијска бања!