ПМФЛ: Вардар, Шкендија, Струга ТЛ покажаа сила уште по првите две кола!

303

Денеска, и тоа по заслуга на Шкупи, ќе одмориме малку од ПМФЛ. За утре е закажан дуелот меѓу Брера и Пелистер од 2.коло.

Велиме по заслуга зошто денеска од 17 часот требаше да се игра мечот на Чаир меѓу Шкупи и Силекс. Истиот дефинитивно нема да се игра со оглед на тоа дека чаирчани не си ги исполнуваат обврските во врска со поставување на ВАР технологијата, па се очекува Комисијата за натпревари на ФФМ, овој меч да го прогласи со службени 0:3 за кратовци.

Инаку кога сме кај првите две кола, се гледа дека уште на стартот фаворитите во битката за титулата тргнаа силно и со по шест бода се на делба на челната позиција.

Вардар (Пелистер 4:1 и Тиквеш 2:1), Шкендија (Шкупи 5:1 и Македонија ЃП 3:1), Струга ТЛ (Македонија ЃП 2:0 и Арсими 2:1) и Силекс (Брера 5:0 и Шкупи 3:0 службени) имаат по две победи.

Јасно е дека битката допрва ќе се разгорува, но сепак се очекува интересно сезона.

Вардар по подолго време е во таа трка, за последен пат во сезоната 2019/20, и тоа секако дека му дава посебен шмек на ова првенство 2025/26.

ПретходноСити убедлив на стартот а Пеп се жали: “Не сум задоволен, имаме премногу играчи!“
СледноБеќири по мечот во Ѓорче: “Непријатно сум изненаден од лошиот терен во Ѓорче!“