Со вчерашниот триумф на Македонија над Грузија и официјално се комплетираше списокот на учесници на следното издание на европското одбојкарско првенство во 2026 година. Македонија практичнос тана последниот 24-ти учесник на шампионатот, откако претходно беа комплетирани останатите 23 слободни места.
На Евроволеј 2026 следната година директен пласман обезбедија четирите селекции на организаторите на првенството:
ФИНСКА 🇫🇮
БУГАРИЈА 🇧🇬
РОМАНИЈА 🇷🇴
ИТАЛИЈА 🇮🇹
Покрај нив, директен пласман на следното ЕП обезбедија и осумте најдобропласирани селекции од последниот континентален собир во 2023 година, чиј ко-домаќин беше и Македонија. Од овој шампионат следната година на Евроволеј пласман обезбедија:
ПОЛСКА 🇵🇱
СЛОВЕНИЈА 🇸🇮
ФРАНЦИЈА 🇫🇷
ХОЛАНДИЈА 🇳🇱
СРБИЈА 🇷🇸
УКРАИНА 🇺🇦
ГЕРМАНИЈА 🇩🇪
ПОРТУГАЛИЈА 🇵🇹
Низ квалификациите пласман на ЕП 2026 обезбедија победниците во секоја од групите:
ДАНСКА 🇩🇰
БЕЛГИЈА 🇧🇪
ЧЕШКА 🇨🇿
ЕСТОНИЈА 🇪🇪
ШВАЈЦАРИЈА 🇨🇭
ГРЦИЈА 🇬🇷
СЛОВАЧКА 🇸🇰
Како и петте најдобровторопласирани селекции во квалификациите:
ЛЕТОНИЈА 🇱🇻
ТУРЦИЈА 🇹🇷
ИЗРАЕЛ 🇮🇱
ШВЕДСКА 🇸🇪
МАКЕДОНИЈА 🇲🇰
Европското првенство во 2026 година ќе се одржи од 9 до 27 септември.