Тренерот си “плати“ за солзите на Нејмар! (ВИДЕО)

130

Сантос го отпушти тренерот Клебер Ксавиер по тешкиот пораз од Васко де Гама (0:6) пред своите навивачи во неделата.
„Клубот му се заблагодарува на тренерот за извршените услуги и му посакува среќа во продолжението на кариерата“, објави Сантос за Ксавиер, кој го презеде тимот во април.
Поразот го остави Сантос на 15-то место во бразилската Серија А, само два бода над зоната за испаѓање. Бразилскиот репрезентативец и фудбалер на Сантос, Нејмар, го напушти теренот во солзи.
Триесет и тригодишниот Нејмар, поранешната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен, се врати во јануари во клубот каде што порасна, по неуспешна епизода во Саудиска Арабија. Во јуни го продолжи договорот со Сантос до крајот на годината.

 

ПретходноКФМ со повик до фановите: Да навиваме за Македонија!
СледноПортугалци во Хановер ќе му судат на Алкалоид, Романци на реваншот во Скопје!