Гираси го спаси Дортмунд од голема брука!

54
ФОТО: Borussia Dortmund/FB

А требаше да биде лесно за момците на стратегот Нико Ковач на гостувањето кај третолигашот Есен вечерва во рамките на 1.коло или 1/32 финале во Купот на Германија.

Но, во фудбалска Германија ништо не е лесно. Па така гигантот кој пред години и половина играше во финалето во Лигата на Шампионите, едвај, со голот на Гираси во 80.минута сепак победи со 0:1 и се пласира во следната фаза во ова натпреварување.

Значи Гираси го спаси Дортмунд од голема брука.

Во спротивно Ковач ќе мораше да објаснува што и како мислел кога комбинираше со составот.

Во следната фаза се пласираа и Херта, Мајнц, Фортуна Дизелдорф.

ПретходноЅвездата на Интер се сели во Барселона?!
СледноНи Грилиш не им помогна: Лидс со гол од пенал славеше против Евертон!