ПМФЛ: Антовски со мајсторија, ама трите бода за Пелистер!

113
ФОТО: FC Pelister Bitola/FB

Брера – Пелистер 1:2 во последниот меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Убав фудбал, посебно во второто полувреме, три гола, повеќе шанси, пенал и победа за гостите, прва во шампионатот а втор пораз за Брера во исто толку натпревари.

Голот на Брера беше дело на Антовски кој мајсторски шутираше од 30 метри, додека кај гостите стрелци беа Ивановски од пенал и Бошковски.

Домашните нешто подобро го отворија мечот, со многу повеќе агресивност и желба да се дојде до гол. Првата полушанса ја имаше Макиќ кога се закани, но неговиот шут заврши покрај голот на Јовчевски.

Во 24.минута Пелистер имаше двојна шанса во еден напад. Ивановски и Стојановски шутираа во таа мешаница пред домашниот гол. Сепак немаше гол а се прегледуваше и ВАР поради пенал, но се беше чисто.

Домашните постигнаа гол во 30.минута, стрелец беше Ндезенгуе, но претходно играше со рака и истиот беше поништен.

Неколку минути подоцмна битолчани имаа супер шанса преку Булатовиќ, но овој шутираше за малку непрецизно.

И конечно гол, и тоа пенал. Домашниот голман Вргов остро стартуваше врз Ристовски, а судијата Ѓорѓиев покажа на белата точка. Сигурен пеналџија беше Мирко Ивановски за 0:1 за Пелистер.

По тој примен гол, домашниот стратег Панче Стојанов веднаш реагираше, направи неколку измени во својот тим.

Несомнено дека во оваа фаза гледавме поквалитетен фудбал, и не само поради голот, сега и домашните и гостите комбинираа и креираа убави акции.

Па така во 74.минута нов гол на “Благој Истатов“ и втор во мрежата на домашните. Наумоски убаво центрираше на втората статива, а Бошковски од втора успеа да донесе 0:2 за Пелистер. Сосема заслужено. Но, Брера не се предаде, Антовски со супер удар од околу 30 метри постигна гол за намалување на 1:2.

Со ова Брера го направи финишот на овој меч неизвесен.

Во 90+5.минута Здравковиќ доби црвен картон поради удирање со нофа во главата на Драме, и тоа по ВАР интервенцијата а судијата Ѓорѓиев две минути ја гледаше снимката пред да одлучи.

ТАБЕЛА

Силекс 6, Шкендија 6, Вардар 6, Струга ТЛ 6, Башкими 4, Пелистер 3, Арсими 1, Тиквеш 1, Работнички 1, Македонија ЃП 0, Брера 0, Шкупи 0.

ПретходноЕлче го потврди Андре Силва
СледноШкендија ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Лудогорец!