Португалци во Хановер ќе му судат на Алкалоид, Романци на реваншот во Скопје!

43
ФОТО: RK Alkaloid/FB

Победникот на ЕФХ Купот, тимот на Алкалоид прв од нашите ракометни клубови ќе ја започне европската сезона, и тоа уште на 31 август. Познато е дека четата на Кирил Лазаров во меч од квалификациите во ЕХФ Европската лига на Хановер – Бургдорф.

За овој меч, но и за реваншот во Скопје, ЕХФ ги одреди судиите.

Португалците Рубен Маја и Андре Нуњеш ќе ја делат правдата во Свис Лајф во Хановер. Додека во Скопје судии ќе бидат Мариан Пирву и Михаи Потирниче од Романија и тоа во салата во Автокоманда.

Нема што, Алкалоид пред себе екстра силен состав, но секако дека и актуелниот победник на ЕФХ Купот има што да каже на овие два меча.

ПретходноТренерот си “плати“ за солзите на Нејмар! (ВИДЕО)
СледноЈаневски повторно со ангажман на Кипар!(ФОТО)