Припадник на „Торцида“ го нападна и плукна Ентони Калик (ВИДЕО)

96

Немил настан денеска се случи на улиците на Сплит. Имено, првотимецот на Хајдук, интернационалецот од Австралија, Ентони Калик беше нападнат од еден припадник на навивачката група Торцида, кој што најпрво вербално, а потоа и со плукање го нападнал фудбалерот.

Јавноста во Сплит, но и во цела Хрватска е згрозена од овој настан, на кој Калик изреагирал досема професионално. Инцидентот се случил во кафуле каде што Калик секојдневно доаѓал.

Тензиите околу Хајдук деновиве се сериозни. Клубот испадна од европските натпреварувања, а Торцида на вчерашниот домашен дуел, покажа дека и тоа како е незадоволна со тоа. Најпрво воопшто немаше навивање, а потоа беше изваден навредувачки транспарент наменет кон скапо платените играчи на Хајдук.

https://www.24sata.hr/sport/skandalozna-snimka-huligan-je-pljunuo-hajdukovog-kalika-urlao-je-da-ce-mu-izbiti-zube-1069225

ПретходноПолувреме: Многу борба во Струмица, ама без голови!
СледноЕлче го потврди Андре Силва