Трансфери: Ромеро останува во Тотенхем, Конте бара напаѓач, Интер не се откажува од Лукман!

29
ФОТО: Tottenham Hotspur F.C./FB

Кристијан Ромеро и покрај сите најави, дека ќе се пресели во Саудиска Арабија или Атлетико Мадрид, денеска и официјално го продолжи договорот со Тотенхем. Аргентинецот потпиша нов договор на четири години и ќе биде платен 200.000 фунти неделно, нето.

По тешката повреда на Лукаку, Конте и Наполи по секоја цена бараат класичен напаѓач. Многу имиња беа во “игра“, но “конкурсот“ се уште трае и Наполи нема адекватна замена за Лукаку. Тоа е голем проблем за Конте.

Иако преговорите меѓу Интер и Аталанта за Лукман беа прекинати пред две недели, според шпекулациите од Италија, гигантот од Милано денеска повторно се обидел да ги обнови. Ќе видиме дали ќе успее во тоа.

ПретходноЈаневски повторно со ангажман на Кипар!(ФОТО)
СледноНишто од спектаклот: Синер по 23 минути се повлече од финалето, Алкараз е победник во Синсинати! (ВИДЕО)