Чедомир Јаневски, еден од нашите најпознати и најдобри тренери, повторно ќе работи на Кипар, и тоа во клубот Красава Ипсонас.
Македонецот денеска беше промовиран во клубот кој е со руски сопственик и кој минатата сезона се избори за прволигашкиот статус.
Во објавата на социјалните мрежи на клубот од Кипар се потенцира дека успеале да доведат познат и квалитетен тренер кој во минатото работел во повеќе клубови во Европа, бил селектор на Македонија, како и на Кипар.
Секако дека Јаневски го паметиме и како тренер кој со Вардар успеа во 2017 година да се пласира во групната фаза во Лигата на Европа.