Љафтов: Четири врзани учества на Европско првенство е потврда на вредноста на оваа репрезентација

29
фото: CEV.eu

По вчерашната победа над Грузија во последниот меч од квалификациите за Евроволеј 2026 и обезбеденото ново учество на завршницата на контиеннталните шампионати, уште еден од искусните македонски репрезентативци, Александар Љафтов, даде своја анализа на пласманот на четвртото европско во низа.

„Четири по ред врзани Европски првенства за оваа генерација е потврда на вредноста. Поминавме многу, многу тежок пат, не само оваа година, туку и во секоја од минатите години. Секога се подготвуваме напорно и еве трудот се исплати. Имавме некои мали проблеми, но тоа успеавме да го премостиме. Ние знаевме дека денеска ќе ја победиме Грузија со 3:0, како и да звучи ова, но притисокот кој го носи тоа, особено во третиот сет кога почнаа да играат исклучително квалитетно, малку работите не одеа добро. Бевме подготвени и на вакво сценарио, успеавме да се вратиме и да ја израдуваме Македонија. Сега ни треба малку одмор, да се подготвуваме за новата сезона и здравје боже, следната година ќе се подготвуваме за европското“, вели Љафтов.

ПретходноФИФА предлага: Светско клупско првенство на секои две години со по 48 екипи
СледноСкариоло не може да крене глава од повреди: Отпадна и Абалде