По победите над Прилеп и Дубочица, екипата на Алкалоид денеска ја совлада и хрватската екипа МРК Сесвете со што ја продолжи позитивната серија летово.
Конечниот резултат гласи 34-32 (16-15), а како што е тоа вообичаено, тренерот Кире Лазаров им даде шанса на сите ракометари кои што му се на располагање во моментов.
Екипата на МРК Сесвете е еден од трите претставници на Хрватска во ЕХФ Европската лига. Тие имаа среќа во ждрепката и во квалификациите за влез во групната фаза ќе играат против хрватската екипа Дуго Село и мошне веројатно ќе ги видиме во групите на ЕХФ Европската лига.
Следните противници на РК Алкалоид во подготвителниот период ќе бидат екипи од Словенија.