Директорот на Милан има план: Ако не успееме со Хојлунд, втора опција е Влаховиќ

96
фото: Matteo Moretto (X)

Спортскиот директор на Милан, Игли Таре, потврди дека данскиот напаѓач Расмус Хојлунд од Манчестер Јунајтед е главен приоритет на клубот до крајот на летото, но тие размислуваат и за доведување на уште еден напаѓач, српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

„Хојлунд е сериозна опција за нас. Моментално го оценуваме, но трансфер пазарот може да биде непредвидлив. Свесни сме дека треба да ја зајакнеме оваа позиција со играчи кои можат да внесат свежа енергија во тимот. Влаховиќ е една можност плус. Напаѓач мора да донесеме, ќе видиме кој ќе биде на крајот“, изјавил Таре.

ПретходноЗаминувањето во Ливерпул се поблиску: Гуехи не сакаше да се ракува со Гласнер (ВИДЕО)
СледноМакедонија противниците на ЕП 2026 ќе ги добие во октомври во Бари