Заминувањето во Ливерпул се поблиску: Гуехи не сакаше да се ракува со Гласнер (ВИДЕО)

187

Чуден инцидент се случи вчера по натпреварот од првото коло меѓу Челзи и Кристал Палас. Имено, менаџерот на „орлите“, Оливер Гласнер, го повика дефанзивецот Марк Гуехи да се ракува со него, но тој демонстративно си замина и не одговори на неговиот повик.

Тренерот беше толку изненаден од ваквото однесување што му пријде на напаѓачот Жан-Филип Матета и, најверојатно, го праша што му е на Гуехи. Тој само ги крена рамената. Сето ова беше снимено од камерите.

Сето ова се случува во време на континуиран интерес од Ливерпул за дефанзивецот. Се чини дека Гуехи е незадоволен од начинот на кој Палас и Гласнер се однесуваат кон него. Во меѓувреме, навивачите на „Редс“ на социјалните мрежи се почесто инсистираат на доаѓање на англискиот репрезентативец на „Енфилд“.

ПретходноМакедонија го пополни последното место: Познати сите учесници на Евроволеј 2026
СледноДиректорот на Милан има план: Ако не успееме со Хојлунд, втора опција е Влаховиќ