Во среда (20 август) нашата кошаркарска селекција ќе го одигра својот последен меч од претквалификациите за СП 2027. Ни гостува Унгарија а мечот се игра во СРЦ Кале со почеток од 19 часот.
Во пресрет на овој натпревар, КФМ со повик до фановите да дојдат и да навиваат за Македонија:
“До сите љубители на спортот и верните навивачи да дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на претстојниот натпревар.
Македонската Кошаркарска федерација ги повикува сите љубители на спортот и верните навивачи да дадат поддршка на нашиот национален „А“ тим на претстојниот натпревар:
– 20.август 2025 година во 19 часот ;
– Скопје, Спортско рекреативен центар „Кале“ ;
– противник, репрезентацијата на Унгарија ;
Нашите репрезентативци со гордост ја претставуваат државата и ја носат одговорноста да се борат за нови успеси.
Поддршката од трибините секогаш била нашата најголема сила и мотив, па затоа веруваме дека и овој пат заедно ќе создадеме атмосфера на коректно навивање, достојна за големи спортски семејства.
Ве повикуваме да бидете дел од овој настан, и со вашето присуство да им дадете дополнителна енергија на нашите играчи. Заедно да отпочнеме да ја испишуваме следната страница во историјата на македонската кошарка.
Со почит,
МАКЕДОНСКА КОШАРКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА