Она од што стравуваа во тимот на Наполи се оствари. Повредата на Ромелу Лукаку е сериозна, онаа со која што се здоби на дуелот против Олимпијакос, и проценките се дека белгиецот нема да може да се врати на терените се до ноември.
Повредата на мускулот на левата нога е сериозна, допрва треба да се процени дали воопшто ќе има оперативен зафат, но и самата рехабилитација е компилицана и пред се спора, па Лукаку нема долго да го видиме на терените.
Ова секако дека е голем удар за амбициите на Наполи во оваа тековна сезона, а не треба да изненади доколку менаџментот на тимот се одлучи до крајот на преодниот рок да доведе и нов напаѓач.