ПМФЛ 2.коло (денеска): Брера на мегдан со Пелистер!

86
ФОТО: Brera Strumica/FB

Попладнево од 17 часот на стадионот “Благој Истатов“ во Струмица, се игра последниот меч од 2.коло во новата сезона во ПМФЛ. Се среќаваат домашната Брера и Пелистер. Тоа се две екипи кои на стартот беа убедливо поразени од Силекс и Вардар, па така денеска и двете екипи се во очекување на првите бодови во новата 2025/26 сезона.

Во пресрет на натпреварот и од двата табори се нагласува оптимизмот, се ветува голема борба и секако добар резултат.

Според квалитетите битолчани се во мала предност, можеби се и фаворити на хартија што се вели, но четата на стратегот Панче Стојанов секако дека ќе оди по добар резултат и бод(ово), тука нема дилеми.

Ќе има тактичко надмудрување на двата стратези, Панче Стојанов и Димитар Капинковски кој истакна дека шансите се 50-50 фудбалски кажано, со тоа како да сакаше да го отргне притисокот од своите фудбалери.

Битолчани влегоа со не така мали амбиции во сезоната, но ако после двете кола немаат бод(ови) јасно е дека ќе има и нервоза во нивнте редови.

Како и да е, се очекува борбен меч во кој и двете екипи ќе се обидат ад дојдат до важна победа.

ПретходноОхрид го претстави тимот за новата сезона, гостин на промоцијата беше и Червар (ФОТО)
СледноМакедонија го пополни последното место: Познати сите учесници на Евроволеј 2026