Савовски: Успехот е голем, ова европско е шанса за помладите полека да ги преземаат клучните улоги во овој тим

45
фото: Одбојкарска федерација на Македонија (Facebook)

Средниот бокер на нашата одбојкарска репрезентација, Филип Савовски, полека прераснува во нов лидер на помладата генерација. Тој и дел од помладите одбојкари во овој искусен одбојкарски состав најавуваат дека самото учество на следното европско првенство треба да биде главниот чекор кон менувањето на костурот на овој одбојкарски тим.

„Грузија беше ден од послабите противници, но кога се работи за клучен меч за европско првенство, тоа со себе носи голем притисок. Успехот е голем предизвик, го одработивме натпреварот на најдобар начин и заслужено одиме на европско првенство. Мислам дека имаме добра генерација со млади одбојкари. За следното европско првенство помладите полека треба да ги преземаат и клучните улоги во репрезентацијата и да го менуваме тој костур на националниот тим“, смета нашиот среден блокер Савовски.

ПретходноСкариоло не може да крене глава од повреди: Отпадна и Абалде
СледноФФМ со честитка за одбојкарите: Вие сте инспирација за идните генерации