Скариоло не може да крене глава од повреди: Отпадна и Абалде

25
фото: Eurohoops Türkiye (X)

И крилниот кошаркар на Реал, Алберто Абалде, нема да игра за Шпанија на Европското првенство поради повреда на препоните.

Абалде се повреди на натпреварот против Франција за време на предсезоната. Ќе мора да паузира две до три недели, што автоматски го елиминира од натпреварувањето за Евробаскетот каде што Шпанија ја брани титулата.

Заедно со Абалде, Шпанија неодамна остана и без Елио Ндијае, а нема да смета и на Сен-Супери.

Ова се нови големи проблеми за шпанскиот селектор Серхио Скариоло, ако се знае дека во тимот го нема ниту Лоренцо Браун, а „фуријата“ ќе мора да се потпре на вештините на браќата Ернангомез, како и на Санти Алдама.

ПретходноЉафтов: Четири врзани учества на Европско првенство е потврда на вредноста на оваа репрезентација
СледноСавовски: Успехот е голем, ова европско е шанса за помладите полека да ги преземаат клучните улоги во овој тим