Сантос го отпушти тренерот Клебер Ксавиер по тешкиот пораз од Васко де Гама (0:6) пред своите навивачи во неделата.
„Клубот му се заблагодарува на тренерот за извршените услуги и му посакува среќа во продолжението на кариерата“, објави Сантос за Ксавиер, кој го презеде тимот во април.
Поразот го остави Сантос на 15-то место во бразилската Серија А, само два бода над зоната за испаѓање. Бразилскиот репрезентативец и фудбалер на Сантос, Нејмар, го напушти теренот во солзи.
Триесет и тригодишниот Нејмар, поранешната ѕвезда на Барселона и Пари Сен Жермен, се врати во јануари во клубот каде што порасна, по неуспешна епизода во Саудиска Арабија. Во јуни го продолжи договорот со Сантос до крајот на годината.
Que cena forte essa do Neymar chorando no ombro do Fernando Diniz após a goleada do Vasco sobre o Santos pic.twitter.com/Rq6W5YjcVx
— Humor Esportivo (@humoresportivo) August 17, 2025