Шкендија ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Лудогорец!

123
ФОТО: KF Skendija/FB

Како што известуваат од раководството на Шкендија, билетите за првиот меч од плеј-офот во Лигата на Европа со Лудогорец од денеска се пуштени во продажба и тоа по 300 денари.

Натпреварот се игра во четврток од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје.

Бидејќи учеството во групната фаза сега е обезбедено според новиот систем на УЕФА, натпреварите ќе се играат според нови организациски правила:
• ВИП трибината овој пат ќе има намален капацитет поради просторите резервирани за партнерите и спонзорите на УЕФА.
• Блоковите 15, 16 и 17, кои претходно беа дел од ВИП, сега ќе бидат преместени во посебен сектор наречен „Категорија Прва класа“.

Продажни места на билети

Тетово

• Монако тобако

• Онлајн преку mktickets.mk

• На денот на натпреварот на билетарницата на стадионот „Тодор Проески“.

Скопје

• LiteraturaMK – East Gate Mall

• ЛитератураМК – Скопје Сити Мол

• ЛитератураМК – Руга Македонија

• LiteraturaMK – Diamond Mall

• ЛитератураМК – КТУ Буњаковец

• Туристичка агенција JK Travel – QTU Biser

• Макпетрол – Влае

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол – Илинденска

Куманово

• Tobacco Agora – QTU Garnizon

Гостивар

• Тобако Вона Пет – Р. Живко Брајковски 15

ПретходноПМФЛ: Антовски со мајсторија, ама трите бода за Пелистер!
СледноМарјан Илиевски: “Ќе стојам зад овие играчи, се додека го даваат максимумот и го почитуваат стручниот штаб“!